(Фото) Иванна Хаџиевска стана русокоса

Шефицата на протоколот на премиерот Зоран Заев, Иванна Хаџиевска, го смени имиџот. Поранешната тв-водителка и модел на своите профили на социјалните мрежи објави слика на која косата ѝ е руса. Ивана седи пред книжарницата во Нотинг Хил во Лондон, каде што е снимен популарниот филм со Џулија Робертс и Хју Грант. Од пријателите на фејсбук Хаџиевска доби многу комплименти за изгледот. „Убавино“, „Леле бојава колку ти е добра“, ѝ напишаа тие.

Во едно интервју за „Репортер“ Иванна откри дека им помага на децата со посебни потреби и на животните. Ни кажа и дека не троши многу пари на скапа гардероба, но сака да се облече убаво. А на прашањето за бракот со Влатко рече: „Тој е човекот на мојот живот и уште 100 животи да имам, пак би се омажила за него. Тој ме поддржува и ме разбира во сѐ и тој е мојата најголема поддршка, а јас ја имав таа среќна ѕвезда да бидам со него“.

 

Scroll to Top