Бугарскиот пливач Јане Петков денеска во Охридското Езеро постави Гинисов рекорд откако преплива 3.380 метри во вреќа и врзан со синџири. 64-годишниот Петков почна да плива утрово во 9:30 од плажата Горица 3, а на охридскиот кеј пристигна три часа подоцна. Тој и претходно го држеше Гинисовиот рекорд во оваа дисциплина, кога во 2013 година преплива 2388 метри за време од 2 часа, 55 минути и 47 секунди, исто така во Охридското Езеро.
Само неколку месеци подоцна неговиот рекорд го урна Индиецот Гопал Карви, кога преплива 3071 метар во Индискиот Океан на 1 декември во 2013 година.