Полубратот на Меган Маркл, Томас Маркл Јуниор, го обвини нејзиниот сопруг, принцот Хари, за распаѓањето на неговото семејство. Томас го обвини Хари дека е одговорен за тоа што Меган се откажала од своето семејство.
„Тоа не е онаа Меган на која јас се сеќавам. Меган која јас ја знам е грижлива кон другите. Тоа ѝ беше многу важно“, вели Томас Јуниор.
Полубратот на војвотката е огорчен од односот на кралското семејство, кое не е ништо подобро и кон семејството на Кејт Мидлтон. Томас го спомна и вујкото на Кејт, Гери, кој имал пријава за напад.
„Во кралското семејство беа примени аутсајдери и пред нас. Еве на пример, Мидлтон семејството. Не гледам зошто односот кон нашето семејство би бил поинаков“, вели Томас.
Дека семејството Маркл нема влакна на јазикот кога е во прашање војвотката од Сасекс, е одамна познато. Нивните јавни преписки веќе со месеци ја забавуваат јавноста, а во навредите на сметка на поранешната американска актерка Меган Маркл секако предност имаат нејзиниот татко Томас и полусестрата Сузан.
„Меган се промени по славата што ја доживеа во Холивуд. Можеби сега мисли дека е подобра од другите. Принцот Хари само ја доуништи нашата врска“, вели Томас Јуниор, реферирајќи на серијата Suits, со која Меган се прослави во 2011 година.