Македонскиот пејач Мартин Вучиќ ќе биде новиот директор на националниот Ансамбл за песни и игри „Танец“, пренесува „7дена.мк“. Вучиќ се очекува од понеделник да седне на новото директорско место.
„Очигледно сите официјално знаат само јас не. Се додека тоа од Министерство за култура официјално не ми биде соопштено, за мене ќе биде вид на шпекулација. Да јас, како и многу други сум пријавен на конкурсот за нов директор, и сите веројатно го очекуваме официјалниот одговор од Министерство“, изјавил Мартин.
Триесет и шест годишниот Мартин Вучиќ е син на музичарот и ТВ водител Драган Вучиќ и на Весна, ќерка на легендарниот Пеце Атанасовски, изведувач, аранжер и композитор на македонски фолклорни песни.
Претходно двајца дедовци на Мартин биле дел од овој Ансамбл. Пеце Атанасовски е еден од доајените на „Танец“, кој бил кореограф и играорец. Милорад Вучиќ, исто така 15 години бил шеф на оркестарот на „Танец“.