мНеодамна, целиот научен свет остана со подотворена уста откако во Перу, на познатото плато Назка, која стана позната по големите цртежи видливи само од вселената, беа откриени уникатни мумии. Во нивната структура, тие се многу различни од човечката раса.
Овие мумии имаат издолжени черепи и немаат уши. Остатоците беа толку различни од човечките суштества што многумина зборуваа за нивната непозната природа. Експертите потврдија дека остатоците се вистински и дека не станува збор за фалсификат или измама.
Најмногу од сè, необично кај овие мумии е тоа што имаат по три прсти на нозете. Ренген снимките на телата на една од пронајдените мумии открија дека станува збор за жена која има и рака со три долги прсти. Интересно е и тоа што не далеку од местото на погребувањето на мумијата е откриена и мистериозна праисториска резба на камен.
Познато е дека суштества со издолжени черепи се пронајдени на различни региони на планетата. Неодамна, тие биле пронајдени за време на ископувањата на Стоунхенџ во Англија, пред тоа и во Египет и во Кина. Насекаде луѓето со издолжени черепи се сметаа за потомци на одредени богови. Сега примероците на ткивата на мумиите пронајдени во Перу дојдоа на посебни анализи во Русија, конкретно на Универзитетот во Санкт Петербург, во
одделот за геномна анализа. Експертите ќе треба да ги дешифрираат геномите на мумиите за да се утврди точната секвенца на нуклеотидите во ДНК фрагментите од молекулите.
Тогаш ќе биде јасно за што станува збор: за потомци на вонземјани или за непозната човечка цивилизација.
Една од теориите со кои и досега се бараше објаснување за луѓето со издолжени черепи беше појава на одредена генетска мутација во одреден период од развојот на човековата раса, што довела до појавување на ваков вид „напредна цивилизација“