Поп-дивата Калиопи на својот инстаграм-профил емотивно се збогува со својата тетка, жената поради која ја засакала музиката и која првпат во животот ја однела на опера.
„Ти беше таа што за првпат ме однесе на опера. Ја гледавме ‘Тоска’. Имав само 6 години и за време на претставата ти велев: ‘Тето, тето! Пејачката гледа цело време во мене додека пее!’. Таа ноќ по претставата одевме пеш од Универзална сала до кај тебе дома, во Тафталиџе. Цело време по пат ти пеев. Којзнае колку смешна сум ти била.Но, ти во секој момент ми влеваше чувство дека многу сериозно и силно ме доживуваш. Таа ноќ мила моја, во тој незаборавен и прекрасен мај, моето мало срце реши што сака биде кога ќе порасне. И до твојот последен здив, ти пееше со мене. Овие редови ти ги посветувам тебе моја единствена зашто знам дека би била пресреќна кога би ги читала. Иако,ти сето ова веќе го знаеш“, напиша Калиопи.