Ја снема бурмата на Ана Шутиноска

Откако вечера се омажи радио-водителката и новинар од „Антена 5“, Ана Шутиноска , на крајот од вечерта  ја изгуби бурмата. Додека играла невестата бурмата и летнала од прстот, па гостите на свадбата до рано наутро го барале прстенот. На крај, сепак, бурмата ја нашла Маја Казакова, водителката на Метрополис Радио, и на невестата повторно и се вратила насмевската на лицето, раскажуваат оние кои биле на свадбата.

За потсетување, вчера се омажи Ана Шутиновска со стоматологот Гордан Лазаревски. Таа наместо венчаница, носеше елегантни едноделни панталони со длабоко деколте, а младоженецот избра кафеав костум со црна кошула. Откако матичарот ги прогласи за маж и жена, Горан клекна на колена и ѝ ја стави бурмата на рака.

Кумови на свадбата беа сликарот Михаил Корубин и поп-ѕвездата  Каролина Гочева.

Свадбата беше мала и интимна, а веслебата беше во ресторанот вила „Ина“ во падините на Водно.

Scroll to Top