Поранешната манекенка Маја Лазаровска – Станимировиќ е во шестиот месец од бременоста. Таа пред Нова година ќе роди ќерка, а девојчето ќе се вика Каја. Ова е прво дете на некогашната манекенката и на кошаркарот Дарко Станимировиќ. Маја и Дарко беа заедно неколку години пред да се венчаат во јуни 2014 година. Двојката потоа се пресели во Мелбурн, Австралија, каде што живеат и денес.
Маја беше една од најпопуларните манекенки кај нас пред десетина години. Таа снимаше модни едиторијали, се појавуваше на сите ревии, снимаше спотови за македонските музичари, а учествуваше и на неколку меѓународни избори за убавина. Пред Дарко, таа беше во врска со Врчак, а за нивната љубов често се пишуваше во медиумите. Дарко, пак, пред да заминат во Австралија, беше кошаркар на „КК Куманово“.