Во црн проѕирен фустан, со тул и чипка, поп ѕвездата Каролина Гочева дојде на прославата на забавата на Hello во Белград. Каролина, која беше облечена по замислата на нејзината стилистка Цаци Паковска овој пат го сврте вниманието, затоа што беше елегантна, но провокативна и секси.
Црниот елегантен фустан со проѕирен тул го надополнила со црно-бела чанта и елегантни сандали. Каролина, со години важи за една од најубаво облечените на домашната естрада, а последниве месеци таа е ангажирана и во реклами напознатите брендови за облека кај нас.