Поп-пејачката Дани Димитровска е во Париз, каде што заедно со дечкото Весел беа на концертот на „Ју ту“. Дани постојано споделува фотографии од таму на својот инстаграм-профил, па дури и неколку видеа од тоа како поминал концертот. Дани е во љубовна врска со Весел подолго време. Тој е поранешен кошаркар и газда на познато скопско кафуле во населбата Аеродром. Пејачката ретко споделува нивни заеднички слики и ретко зборува за него. Пејачката неодамна го сврте вниманието откако драстично ги намали килограмите, заради што цело лето беше на посебен режим на исхрана.