Ивона ја исплати тангата, судот ѝ го даде пасошот

Новинарката на „Вечер“ и „Сител“, Ивона Талевска, ги вратила парите и на државна сметка ја уплатила целата сума од пресудата која ѝ ја изрече судот во предметот за даночно затајување „Тифани“, потврдија од кривичниот суд за „Макфакс“.

Според обвинението на СЈО, Талевска 6 години, како претставник на фирмата „Смарт“,  без ниту еден вработен свртела милионски суми, а прикажувала дека за потребите на фирмите купувала долна облека, козметика, маси, столови, велосипеди, мобилни телефони, гориво, патни трошоци, хотели, авиони, лизинг за возило. Осудената ја намалувала основицата за пресметување на данокот на добивка прикажувајќи расходи кои не биле направени за вршење на дејноста на правните лица.

Талевска, според пресудата, како физичко лице вратила над 27 илјади евра за затаен данок од 6 години, уплатила 76 илјади денари за вештачењето на СЈО, 1000 евра како споредна штета, 2000 денари судски трошоци. На осудената Талевска судот ѝ го вратил пасошот, кој ѝ беше одземен како дел од мерките за претпазливост кои ги побара специјалното јавно обвинителство.

Scroll to Top