Легендата на боречките вештини Чак Норис ги обвинува злосторниците од Воздухопловството на САД дека водат тајна војна со јавноста, пишува Infowars.
Актерот и активист Чак Норис во своето најново обраќање во јавноста го посочи прстот кон, како што вели тој, „воздухопловните криминалци“.
Чак во јавноста изнесе неколку докази што ја разоткриваат глобалната шема за геоинженерингот што се одвива во моментов.
Чак Норис преку извадоци добиени од Националниот биотехнолошки информативен центар во 2003 година заклучил дека вакцинацијата на населението владата сака да ја замени со прскање на населението со аеросол.
Норис тврди дека е дискутабилно тоа што американската влада сè уште го нема тестирано ваквиот метод или, пак, други слични методи на вакцинација со аеросол.
„Веќе никој не верува дека е незвожно да се изведе ваква акција. Да се изврши имунизација на населението од воздух. Веќе никој не знае колку авиони прскаат со хемиски коктели низ светот во име на осигурување на јавното здравје“, вели Норис.
„Сите оние кои не веруваат во ваквиот заговор, доволно е само да погледнат кон небото и да ги видат сите оние димни завеси што се појавуваат и над мојот дом во Аризона“, вели Чак Норис.
„На 2 септември 2015 година, само две недели откако е извршено истражувањето, 16 страници од голем научен труд на доктор Марвин Херндон се полечени без понатамошна расправа од весниците. Научниот труд се темели на само две прашања за хемискиот состав“, вели Чак Норис.
Чак Норис трага по одговорите, по необјаснивата смрт на голем број ѕвезди кои исто како него го осудија глобалниот феномен на хемиски млазови. Една од тие ѕвезди е и музичката ѕвезда Мерл Хагард.
Норис исто така тврди дека поранешната поп-музичка ѕвезда Принц во некои од своите песни предупредува на запрашувањето.
„Додека хеликоптерите кружат над нас, оваа теорија станува сè подлабока и подлабока. Мислам дека нè запрашуваат со хемикалии по целиот град додека спиеме. Отсега ќе бидам буден по цели ноќи“, вели Чак Норис.