Кристина Арнаудова откачи на „Тексас“

Рок-пејачката Кристина Арнаудова беше меѓу најразиграните и најрасположени гости на концертот на шкотската група „Тексас“, што се одржа вчеравечер во спортскиот центар „Кале“. Таа два часа не престана да игра и да се забавува.

„Тие ми се омилената група. Веќе петнаесет години чекам да дојдат во Скопје. Кога бев мала, Шарлин ми беше една од музичките инспирации. Уживам, преубаво е, ова е еден од најубавите концерти на коишто сум била, а сум била на многу“, рече таа во текот на концертот за „Репортер“.

Кристина на концертот дојде со својот сопруг, поранешниот ракометар Александар Петровски, и со неколку пријатели. Таа заедно со пејачката Шарлин Спитери и бројната публика ги пееше најголемите хитови на светскиот бенд, но ги пееше и песните од нивниот последен албум Jump Оn Board.

Концертот на „Тексас“ во Скопје беше во организација на „Авалон“.

(А.Ј)

https://reporter.mk/deshavki/sharlin-od-teksas-ja-mrazam-kerka-mi/

Scroll to Top