Премиерот Зоран Заев вчера славеше роденден. Со чоколадна торта, црни и сребрени балони, премиерот покажа дека наполнил 44 години. И во Владата се частело торта за роденденот на Заев.
„Премиерот роденденот го прослави работно, посветено на дневните обврски. Почести торта во Кабинетот и на Владината седница“, изјави за „Репортер“, потпаролот на Владата Миле Бошњаковски.
„44 години, како ли бргу поминува времето. Ви благодарам од срце за вашите искрени честитки. Да сте здрави и живи!“, напиша премиерот на својот фесбук фан профил каде што ја сподели фотографијата од роденденската прослава.