Младиот талентиран хармоникаш Роберт Спасенцовски, го претстави својот прв музички проект со наслов „Сплет српски кола“.
Роберт е студент на Факултетот за музичка уметност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје , насока Инструментален оддел, хармоника. Досега има освоено повеќе од 50 награди на реномирани фестивали и натпревари по класична и народна музика.
Има освоено прво место во Сокобања при категорија Стари пионири во 2009 година. Најдобар бил и на Етно-фестивалот за хармоника на Млади пионири. На овој натпревар од организаторот како подарок доби хармоника.
Исто така најдобар бил и во Аранѓеловац, воедно и лауреат, односно прогласен за победник на целиот натпревар во 2016 година.
„Да не беше мојот татко Боби Спасенцовски можеби и немаше никогаш да бидам ова што сум денес, сè што знам научив од него и за мене тој секогаш ќе биде најдобриот хармоникаш“, раскажува Роберт за својот татко.
Како потсетување, Роберт е син на пејачот Боби Спасенцовски, кој веќе има објавено два студиски албума Тој е дипломиран професор по хармоника.