Заради децата Велевска се смири со сопругот

Елена Велевска и нејзиниот сопруг Марјан се смирија и повторно се заедно. По веста за бракоразводната постапка, пејачката со сопругот велат дека одлучиле да го затворат лошото поглавје во нивниот живот и да му дадат втора шанса на семејството и на љубовта која ја негувале години наназад.

Бракоразводната парница е повлечена, а Велевска од јавноста побара почит и разбирање за нејзината приватност.

„Вистина е си дадовме уште една шанса да се подобрат работите, во интерес на децата, бидејќи никој подобро од нас не може да ги гледа. Тие се наша должност. Веруваме во овој брак и веруваме во подобар однос“, изјави Велевска за Репортер.

Пред месец дена фолк-пејачката во јавноста изјави дека по десет години брак се разведува од својот сопруг Марјан. Велевска тогаш во јавноста изјави дека покренала бракоразводна парница како резултат на семејното насилство кое го претрпела.

 

Scroll to Top