Веста за приновата во кралското семејство оваа недела, која војвотката Меган Маркл и принцот Хари ја објавија за време на својата прва заедничка турнеја во Австралија, беше главна тема во светските медиуми.
Очите на јавноста беа вперени во кралската двојка, при што многумина кај Хари забележаа една новина. На прстот на десната рака Хари носи прстен во црна боја, кој никогаш претходно не го носел. На прв поглед изгледа како да е направен од титан.
Хари по венчавката со Меган носел едноставен златен прстен, па сега се појавија претпоставки дека прстенот му го подарила неговата сопруга по повод објавата на бременоста. Од Кенсингтонската палата одбиле да коментираат во врска со новото парче накит што го носи принцот Хари.
Магазинот „Пипл“ пишува дека станува збор за прстен „Оура“, парче накит што истовремено е и паметен уред што ја следи дневната активност на неговиот корисник, а е поврзан со неговиот паметен телефон.
Прстенот доаѓа во две бои, а Хари одбрал црна, по цена од 299 американски долари. Носењето прстен за Хари не претставува никаков проблем, а истиот може да го носи и со белезица.
Прстенот „Оура“ сигурно ќе му помогне на принцот околу ритамот на спиење и ќе му го олесни преполниот распоред на обврски за време на австралиската турнеја, во која ќе смени дури неколку временски зони. Сигурно ќе му користи и во новиот распоред на обврски, кои го очекуваат веќе следната пролет, со доаѓањето на кралската принова на свет.