Поп-пејачката Викторија Лоба и се налути на 1 ТВ. Таа вели новинарите од телевизијата „и се светат, затоа што не сакала да им гостува во емисија“.
Пејачката прилично лута, дури и со навредливи зборови го искажа својот револт на својот Фејсбук профил.
„1 ТВ со своите естрадни квази „новинари” без основно образование, групирани во евтино трачерско дувло решиле да ми се светат по не знам кој пат зошто не им одам во емисија да им пополнам програма која повеќе личи помија. Никогаш не сум одбила телевизии ни емисии, никогаш. Викате гости со уцена дека ако не дојдат лошо ќе ги снајде од вашиот медиум??? Вие сте бедници, згрозена сум“, напиша Лоба на Фејсбук.