(Фото) Префинетост и елеганција на третиот ден на „Моден викенд Скопје“

Третиот ден од осумнаесеттото издание на Модниот викенд во Скопје беше отворен со колекциите на студентите од Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“.

„Сивус едукативен и развоен центар“  ги прикажаа своите финални колекции работени под менторство на дизајнерите Никола Ефтимов, Никола Булески-Буле и Александра Јовановска, вчеравечер во „Скопје Мериот Хотел“.

Академија за моден дизајн „Џолев и уметностите“

Емануела Трајческа со колекцијата „Оклоп“, Натали Наумова со „Still“, Катерина Тошева со колекцијата
„Огледало“, Мила Спасовска со „Плима“, Марија Десподовска со „Movement“ и Сара Реџиќ со колекцијата „Малиот принц“.

Познатиот бренд за италијански накит „SIGMA“ на вчерашната ревија ја донесе новата колекција насловена
„Future now“ која трасира нова љубов кон златниот накит, истакнувајќи го личниот стил, префинетоста и елеганцијата на една жена.

SIGMA

„Визијата да се биде мост меѓу минатото и сегашноста е инспирација за новите парчиња уникатен златен накит, почнувајќи од нови флорални елементи кои совршено се вклопуваат во традиционално-модерните форми на накит до футуристички форми кои црпат мотив од основните форми во природата. Квалитетот и напредната технолошка доработка се главните императиви при креирање на секое парче накит.“, велат од SIGMA.

За прв пат на Моден викенд ги видовме Matrons dresses и колекцијата за есен/зима 2018/2019 Magical
feathers составена од 20 креации.

Третата вечер на осумнаесеттиот Моден викенд Скопје заврши со ревијата на Олгица Ѓоргиева и
колекцијата Bridges поддржана од „БИСИ“, Soul Kitchen Bar и Bella Vista. Креациите беа надополнети со чевли од Shevro.

„Мостот е структура која е изградена преку железнички станици, реки, патиштата за да можат луѓето да поминат од едно место на друго. Симболичното значење од многу аспекти е разработено на еден суптилен начин во најновата колекција. Низ историјата па и денес, мостовите се конекција за многу работи во нашето секојдневие: мост на пријателство, мост на љубовта, на емоции, мост со самиот себеси, мост на соработка, листата е долга“, вели Ѓорѓиева за својата колекција.

Вечерва се затвора осумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје со ревиите на error kolektiv и нивните три брендови: Atami, Em Ellephantski и „[0.10] error of harmony“, Сара Реџиќ и Александра Јовановска во „Скопје Мериот Хотел“.

Scroll to Top