Пед американските војници да влезат во Багдат во април во 2003 година, дел од златото и парите од трезорите на Централната банка на Ирак бил однесен од страна на луѓето на Хусеин, пишува ozy.com.
Тогашниот претседател на Ирак успеал со само една белешка што ја испратил до гувернерот на банката да однесе добар дел од златото и парите, со цел истото да не заврши во рацете на американскиот окупатор.
Во зградата што личела на тврдина се чувал поголемиот дел од државните пари, вклучувајќи ги и резервите во странски валути. Голем број ограбувачи на банки по акцијата на Хусеин се обиделе да ја ограбат банката. Хусеин ги претркал.
Ограбувачите не успеале да ја разбијат вратата на централниот трезор. Кога во април стигнале во банката, американските војници сфатиле дека Хусеин веќе изнел околу милијарда долари од банката.
Тоа бил најголемиот грабеж на Централната банка во историјата на Багдад.
Грабежот се случил околу 4 часот утрото во ноќта меѓу 17 и 18 март 2003 година. Тоа се случило ден пред американските војници да ги лансираат проектилите кон Ирак. Три камиони се доближиле до влезот на банката, а префрлањето на златните шипки во камионите траело со часови. Во нив имало 900 милиони долари и 100 милиони евра.
За овој грабеж не биле потребни ниту оружје ниту експлозив. Била доволна само пишана белешка што му била предадена на гувернерот на банката. Во белешката Гадафи напишал дека мора да бидат преземени вонредни мерки за државните пари да не паднат во рацете на странците и окупаторите.
Таа порака ја носел Кусај Хусеин, шефот на ирачките сили на безбедност, а на неа стоел потписот од неговиот татко Садам Хусеин. „Кога ќе добиете наредба од Садам Хусеин не треба да се расправате за неа, туку само треба да се изврши“, вели ирачко официјално лице за „Њујорк тајмс“.
Но, и покрај трудот на Садам Хусеин да ги зачува парите, сепак на крајот истите завршиле во странски раце. Кога Американците дознале дека четвртина од државните резерви исчезнале од Централната банка, помислиле дека со тие пари ќе се финансира герилската војна против американските сили.
Пред да утврдат дека од Централната банка исчезнале милијарди долари, американските војници во една од палатите на Садам Хусеин пронашле стотина алуминиумски сандаци со четири милиони долари во валути од по 100 долари, пишува Џемс Рајсен во книгата Pay nay price.
Парите тајно се испратени во Кувајт, каде што американските воени официјални лица ги пребројувале.
Кога Џон Тејлор, заменик-министерот за финансии на САД, слушнал за тоа, барал парите да се вратат каде што припаѓаат, во Централната банка на Ирак.
Белата куќа и Пентагон, на чие чело бил Џорџ Буш, и Доналд Рамсфелд одлучиле да ги задржат парите и да ги поделат на своите војници кои биле на терен.
„Парите брзо завршиле во рацете на американските војници и дел од официјалните американски воени лица. Некои ги испратиле во САД кај своите најблиски. Кражбата на парите од Ирак попримила епски размери“, тврди Рајсен.
Набрзо парите во банкноти од 100 долари почнале да се појавуваат во САД. Во американската сојузна држава во Аризона откриени се повеќе од 440 000 долари на сметка на мајорот на американската војска Ричард Фулер. Капетанот на американската војска Мајкл Нигујен присвоил повеќе од 700 000 долари за време на служењето на рокот во провинцијата Анбар.
Кога се вратил во САД, си купил џип „хамер“ и лимузина „бе-ем-ве“, пишува „Њујорк тајмс“. Во целата оваа афера со исчезнатите пари од Ирак, во периодот меѓу 2004 и 2008 година осудени се само 35 американски војници.
„За жал, најголемите крадци и понатаму се на слобода“, вели Рајсен.