Даниел Николовски повеќе од 10 години ги разубавува дамите од нашиот јавен живот. Кај него на шминкање доаѓаат пејачки, глумици, бизнисменки, политичарки. Вели дека не е тешко да се разубавуваат познатите дами од јавниот живот кај нас. Но, и дека повеќето жени грешат во шминкањето.
„Јас секогаш сакам да го истакнам најдоброто, да ги пофалам сите, ама понекогаш девојките претеруваат. Ми пречи исцртувањето веѓи на половина чело, на пример. Девојките, особено помладите, треба да ја користат шминката како алатка за разубавување, а не да си го сменат ликот“, вели Даниел.
Кои се трендовите за шминка и фризура за оваа есен, кои се трите козметички производи што секоја жена треба да ги има во својот несесер, што му пречи во шминката кај девојките . Но, и кој од естрадата е секогаш беспрекорно нашминкан и среден, а кој не, кому му фали стилист, што мисли за жените и нивниот изглед, погледнете во видеото.
Андријана Јовановска