Легендата на македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, својата последна улога ја одигра во спотот за песната „Тарантино џез“ на трикратниот првак на хармоника, Мишел Трајковски. Во песната на Мишел гостува и виртуозот на труба, Џамбо Агушев.
„Оваа песна ѝ ја посветувам на легендата на македонските народни приказни, чичко Ванчо Петрушевски“, вели Мишел, кој спотот го промовира пред две недели.
Освен Ванчо, во спотот се појавуваат и Гоце Тодоровски, Јана Стојановска, Кирил Трајковски – Максим и Тино Костадиновски. Режисер на спотот е Огнен Шапковски.
На промоцијата на видеото, што се одржа во МКЦ, зборуваше Драган Б. Костиќ.
„Има многу бендови во Европа, особено на балканските простори. Нè бидува за ритам. Кога го слушнав ова дело на Мишел, си реков, боже, зарем и кај нас има електросвинг. Бев изненаден бидејќи тоа е музика во која има џипси-свинг и заедно со една нова продукција го креира мојот омилен тренд со етнопризвук, кој во северна Европа е мошне популарен. Ако направи албум, а јас верувам дека ќе го направи, Мишел ќе го пребарувате по страници за европска музика“, рече Костиќ.