Ина Суслина ќе стане мајка

Поранешната голманка на „Вардар“, Ина Суслина, следната година ќе стане мајка. „Уште не ми се верува. Четири и пол месеци бремена“ напиша миленичката на фановите на „Вардар“. Таа сподели слика на „Инстаграм“ и го покажува трудничкиот стомак. Слика од бремената Ина сподели и нејзиниот сопруг, Емануел Рудниковски.

 

39-годишната Суслина е по потекло од Узбекистан. Таа пред да се повлече од спортот, шест години беше голман на „Вардар“. Во нејзината кариера освои сребрен медал на Олимписките игри во Пекинг, Кина (2008), три златни медали, и тоа на СП 2001 во Италија, СП 2007 во Франција и на СП 2009 во Кина. Сребрен медал има од Европското првенство во Шведска во 2006 година, а бронзен медал на Европското првенство во Македонија во 2008 година.

Scroll to Top