Директорот на руската космичка агенција „Роскомос“ Дмитри Рогозин изјавил дека продолжената руска мисија на Месечината ќе има за задача да провери дали Американците навистина слетале први на тоа место.
„Поставивме цел да одлетаме и да провериме дали тие таму биле пред нас“, изјавил Рогозин низ шега, на видео снимката која ја објавил на Твитер.
Рогозин ова го навел во одговорот на прашањето дали НАСА навистина слетала на Месечината пред 50 години, пренесува агенцијата „Асошијетед прес“. со напомена дека Рогозин ова го рекол во шега.
Американската агенција наведува дека „заговорите во врска со мисиите на НАСА на Месечината се вообичаена појава во Русија.
Советскиот Сојуз се откажал од својата програма на летање на Месечината на средината на 1970 година, откако експлодирале четири експриментални ракети.
Во 2015 година, поранешниот портпарол на Рускиот истражен комитет повикал на истрага која требало да го разгледува летањето на НАСА на Месечиата, потсетува агенцијата.
Сепак, теориите на заговор за американските лунарни мисии се чести во Русија, а во 2015 година, тогашниот портпарол на рускиот Истражен комитет побарал истрага за американското слетување на Месечината.
Советскиот Сојуз на средината на седумдесетите години, се откажал од сопствената лунарна програма, откако четири експриментални ракети експлодирале.