Џим Мекграт портпаролот на Џорџ Буш постариот објавил фотографија од кучето Сали, златниот лабрадор на починатиот претседател. Тој беше снимен како лежи покрај ковчегот оддавајќи му ја последната почит на неговиот поранешен стопан по повод националниот ден на жалост.
Ковчегот со посмртните останки на Буш ќе биде префрлен со претседателскиот авион Ер форс уан, кој специјално за оваа прилика е преименуван во Спешл ер мишн 41 и ќе биде вратен во Тексас в среда, a Сали цело време ќе биде покрај него.
Буш го примил Сали во јуни од американската VetDogs непрофитна организација. Сали му бил од огромна помош на поранешниот претседател, носејќи му некои работи кои поранешниот претседател не можел да ги дофати.
Телевизиската куќа КTRK од Хјустон, пренесува дека Сали сега ќе биде вратен во организацијата VetDogs во Њујорк, пред да се приклучи во програмата за кучиња во националниот воен медицински центар.
41. претседател на Америка, кој пател од Паркинсонова болест, починал во неговиот дом во Хјустон во петокот, на 94. годишна возраст. Јавноста ќе има можност да се прости од нивниот поранешен претседател на неколку јавни и приватни настани во Хјустон и Вашигтон, пред да биде погребан во четврток во Тексас.
Mission complete. #Remembering41 pic.twitter.com/rXdyXAS4lk
— Jim McGrath (@jgm41) December 3, 2018