Марта Димковска и Стефан Апостоловски се пласираа на Европско првенство во карате

Марта Димковска и Стефан Апостоловски се пласираа на Европското првенство во карате, кое следната година од 7 до 10 февруари ќе се одржи во Данска.

Марта на Балканското првенство во Дубровник, Хрватска, се натпреваруваше во кадетска конкуренција до 54 килограми,  а Стефан Апостоловски У21 до 67 килограми.

Димковска постигна одлични резулати, а Апостоловски во 4. коло за влез на финалниот натпревар загуби од светскиот шампион од Хрватска и во репасаж го освои третото место.

Со ова младите каратисти си обезбедија директен влез на ЕП. Претходно Марта и Стефан на државното првенство за кадети-јуниори У12 ги освоија првите места, со што обезбедија учество на Балканското првенство.

 

Scroll to Top