Македонскиот најуспешен каратист, д-р Дејан Недев, на Државниот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија и официјално беше промовиран во доктор на науки по физичко образование и спорт.
Недев докторската дисертација на Државниот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија ја одбрани пред шест месеци. Тој докторираше на тема „Истражување на зависностите помеѓу антропометринските показатели, моторните способности и вештини на 15-годишни учесници во услови на настава по физичко образование и спортски воннаставни активности по боречки спортови (карате, џудо, борење и бокс)“.
Недев докторатот го подготвуваше 6 години, а напишан бил на 278 страници. Пред 2 години на истиот универзитет докторираше и постариот брат на Дејан, Аљоша Недев.