(Фото) Хелена ги изненади синовите на Ребека

Некогашната водителка Хелена Роза, иако во Нов Зеланд, најде начин  да ги израдува своите внуци, трите сина на пејачката Ребека. Таа, преку својата пријателка која е во Скопје, им ги испрати своите новогодишни подароци.

„Прекрасно е чувството кога таму, негде 22.000 илјади километри далеку, имаш пријател кој ќе направи украси и ќе ги достави најслатките путер-колачиња за три прекрасни дечиња. Ти благодарам Ивана Карговска, што иако толку далеку успеав со твоите колачиња. да си ги изненадам за Нова година моите внучиња, кои толку ми фалат  Ве сакам Маркијан, Доротеј и Макариј“, вели Хелена.

Scroll to Top