Македонската фолк-пејачка Ленче Кукиќ ги воодушеви Жељко и Јована Јоксимовиќ, кои беа жири во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“. Таа ја испеа песната „Не иди од мене, злато мое“, по што доби силен аплауз, овации и пофалби.
„Воодушевен сум од тоа како пееш. Заради твојот глас ќе паднев од столче. Секоја чест за интерпретацијата, за бојата на гласот и за техниката со која располагаш, секој чест“, рече Жељко по настапот на Ленче.
Потоа, 42-годишната пејачка заедно со нејзиниот син и сопругот Горан Кукиќ, кој победи во првата сезона од популарното шоу, ја испеа песната „Не дирај моју љубав“.