Првиот човек на компанијата EnviroBulid, Ејдан Бел, вели дека на новооткриениот водоземец Dermophis donaldtrumpi му го дал името по Доналд Трамп, поради една нивна заедничка карактеристика.
Бел вели дека ѝ двајцата ја бутаат главата во песок. За водоземецот Бејл вели дека е познат по тоа што ја става главата во песокот, а Трамп тоа го прави по прашањето за политиката на климатските промени.
Новиот вид водоземец е откриен во Панама, а привелегијата Бејл да го именува, ја чинела неговата компанија 25.000 долари. Целта била да се сврти вниманието на јавноста кон климатските промени.
Бејл вели дека откриениот организам особено е подложен на влијанието на климатските промени и дека е во опасност да изумре поради политиката на Трамп која ја води во однос на ова прашање.
Малото, слепо суштество е тип на водоземец кој воглавно живее под земја, а Бел вели дека ја открил заедничката црта во неговото однесување и однесувањето на Доналд Трамп.
„Трамп, кога несака да слуша за научниот консензус за климатските промени, ја става главата во песок“, смета Бел.
Worm-like species named “Dermophis donaldtrumpi” after Trump’s climate policies https://t.co/kgmiSa66YB pic.twitter.com/O0BrCyuLN4
— Zoe Tabary (@zoetabary) December 18, 2018