„Да се предадеме!“ Штабот за помилување ја најави „Златна бубамара“ 

Под мотото „Да се предадеме“ на 21 февруари догодина во ВИП-арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи 22. издание на манифестацијата „Златна бубамара“.

Организаторите, кои за себе велат дека се „Штаб за помилување, гушкање и добра забава на ‘Радио бубамара’“, најавуваат уште една манифестација со многу музика, смеа и награди за најуспешните од 2018 година.

„Да се предадеме! Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава, доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на ‘Златна бубамара на популарноста’. Време е да се предадеме на музика, смеа и работа. Откако се оддадовме на лажење, крадење и неверства, ова е можност за просветлување и воскреснување на надежта. Како народ што си го бара своето, ќе ве чекаме со камшик и шик–пик–миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници. Ве молиме, немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате, за сите вас има по едно седиште“, велат организаторите од „Штабот за помилување“.

 

Scroll to Top