Поп-пејачката Елена Петреска денеска слави седумгодишнина од брак. Таа објави статус на социјалните мрежи и му го посвети на сопругот Андреј Толевски, а се потсети на моментот пред седум години кога Андреј ја запросил.
„Луѓето мислат да ја најдеш својата половина е совршенство од љубов, емоции и бајка. Поминуваат часови на незадоволство обвинувајќи ги другите околу себе за своите незадоволства. Но, да ја најдеш својата половина значи да се огледаш на неа, да го видиш несовршенството, се што ти смета во тоа огледало ѝ се трудиш да го промениш е она што си самиот ти! Се што чувствуваш ѝ сите емоции што ти ги буди тоа огледало се само рефлексија на твојата душа и твоите мисли. Затоа љубовта не е само бајка, љубовта е работа на себе, будење, себеанализа и осознавње на своите маани и доблести, а најдобро од се кога сме заљубени е што се трудиме да станеме подобри личности, за кога ќе се огледаме пред огледалото до нас да се чувствуваме комфорно и убаво со себеси. Ако има дефиниција за нашата љубов, тогаш дефинитивно тоа е работа на себе! Љубовта кон тебе многу ме промени, твојата сурова искреност ме направи подобра личност. Можеби треба да сум лута, но за чудо денес сум благодарна! Фала ти што ми помагаш да растам! Денес пред 7 години, кажав да,“ напиша Елена на својот „Фејсбук“.
Елена 15 години е во љубовна врска со Андреј. Двојката има две деца.