Фронтменот на групата „Нокаут“ Никола Перевски Пере кој во моментов зимскиот одмор го минува во снежниот Дојран, на социјалните мрежи се пофали со фотографии на кои пејачот лежи во кревет покрај своите две гитари.
Пере на фотографиите напиша дека сонувал за американскиот блуз гитарист, Би Би Кинг, а дека понекогаш знае да украде нешто од Ерик Клептон, но ѝ дека учи од Стинг.
Неодамна во интервју за „Репортер“ Пере ни кажа дека ѝ неговата ќерка Михаела веќе оди по неговите стапки и дека се занимава со музика.
Таа ги пееше придружните вокали на концертот што бендот го одржа пред неполн месец во СРЦ Кале, а со кој одбележа 20 години од кариерата.