Потребни состојки:
300 гр суви свински коленици
300 гр свежи свински коленици
300 гр чадени свински коленици
кромид, лук, лорбер, црн пипер во зрна и сол
Начин на подготовка:
Сите состојки (нозе, кромид, лук, лорбер, сол и црн пипер) ставете ги во сад, сипете вода и оставете да се варат три- четири часа на тивок оган. Потоа процедете ја смесата. Месото исчистете го од коските, ставете го во посебен сад во кој претходно сте ставиле ситно исечкан лук. Прелијте го месото со супата. Оставите да се излади и да се стегне. По желба наросете со буковка пред да ја послужите.