Путин стигна во Белград со црната актовка, претседателот не се дели од неа

Рускиот претседател Владимир Путин вчера во Белград пристигна со познатата црна актовка, која ја носи руски специјалец. Путин вчера беше дочекан од неговиот српски колега Александар Вучиќ.

Вниманието го украде рускиот специјалец кој ја носеше познатата „атомска актовка“ во која се наоѓа уред преку кој Путин може да нареди да се лансираат нуклеарните ракети. Службите велат дека Путин никаде не патува без оваа актовка. Дури ни кога станува збор за кратки посети.

Актовката го носи името „Чегет“, и претставува дел оа автоматскиот систем за команда и контрола на руските стратешки нуклеарни сили наречени „Казбек“.

Иста ваква актовка поседува и рускиот министер за одбрана и началникот на Генералштабот на руската армија. Тие во клучни моменти можат да испратат сигнал и да наредат напад врз основа на авторизација на кодови за лансирање на рускиот нуклеарен арсенал.

Актовката „Чегет“ е развиена во периодот на администрацијата на Јуриј Андропов на почетокот на 80-те години од минатиот век. Таа била ставена во служба веднаш по превземањето на функцијата генерален секретар на Централниот комитет при Комунистичката партија на Советскиот сојуз од страна на Михаил Горбачов.

Горбачов на новата функција стапи во март 1985 година. 

По заканата од ИСИС, Путин во Белград доаѓа со двајца двојници

 

Scroll to Top