Кејтлин Мери Џенер ги насмеа фановите до солзи, со прифаќање на „10 години предизвик“, кампањата која деновиве е се поактуелна на социјалните мрежи.
Кејтлин, која некогаш беше маж и се викаше Брус обајави фотографија од 2009 година. Кејтлин е познат како долгогодишен сопруг на Крис Џенер, со која има две ќерки, Кајли и Кендал.
Оваа промена многумина ги насмеа, но некои и ги инспирирала.
Голем број луѓе во светот, меѓу кои и познати ѕвезди, полудеа по предизвикот на социјалните мрежи наречен „10 години предизвик“. Целта на овој предизвик е да се објави фотографија од минатото настаната во 2009 година.
Ѕвездите на Холивуд исто како и многумина на социјалните мрежи, споделија фотографии од пред 10 години, со цел да покажат колку во меѓувреме се промениле. Некои од фотографиите ќе ве зачудат, а некои ќе ве насмеат до солзи.
1. Ен Хетавеј
Познатата актерка докажа дека годините и „одат во прилог“, со оглед на тоа дека воопшто се нема променето.
2. Риз Витерспун
„Времето навистина минува кога се забавувате“, напиша на фотографијата неодоливата Риз, која добила комплименти на сметка на својот изглед.
3. Кејт Хадсон
Освен што сега ѝ е скратена косата, ниту оваа актерка не изгледа многу поинаку во однос на 2009 година.
4. Мараја Кери
Времето не е нешто што јас го прифаќам, не го разбирам овој предизвик“, напишала пејачката и многумина ги оставила без текст, како што само таа и умее.
5. Мадона
„Предизвик е да се преживее“, напишала кралицата на попот и ја објавила својата фотографија од 2008 година.
6. Кристина Агилера
Една од бројните холивудски убавици во повеќе наврати добила комплименти дека за неа времето како да застанало, а тоа го поткрепила и со фотографија од младоста.
#10yearchallenge pic.twitter.com/Flm1hmJagO
— Christina Aguilera (@xtina) January 14, 2019