Со одличната изведба на хитот „Black Velvet“ од Алана Мајлс, Антонија Гиговска го имаше последниот настап во специјалната емисија „Сите ѕвезди од Пинковите ѕвездички“, чија тема овој пат беше „Рок-музиката во 70. и 80-тите“. Жирито беше воодушевено од младата пејачка и минатогодишна победничка на „Макфест“, освојувајќи ги сите пет гласови.
„Магистер, доктор, специјалист, хирург… сето тоа е точно. Ни милиметар, ни секунда не би одзел или додал, ти си совршена. Ова беше од А до Ш погодено, секој тон, секое движење, темата, изгледот, се’… Освен тоа, ти можеш да шеташ по различни жанрови, а во секој од нив маестрално да брилјираш. Јас навистина мислам дека си тука една од најдобрите, ако не и најдобриот пејач“, рече Милан Станковиќ.
„Истото го мислам и јас… Но, сметам дека ти овде малку си заталкала, бидејќи следната година очекувам од тебе сингл и да застанеш во рангот на изведувачи кои со години се на сцената. Јас тебе не те доживувам како дете, зашто ти си толку изграден интерпретатор кој го има сето она што е потребно за да не биде само пејач, туку ѕвезда. Ти веќе си ѕвезда“, додаде Наташа Беквалац.