Анета Андонова, уредник во Македонската телевизија и поранешен ТВ-водител, вчера влезе во водите на Охридското Езеро. Како и лани, така и годинава, Анета беше на одбележувањето на Водици во манастирот Калишта, Струга и по фрлањето на крстот, со уште неколку жени пливаше во езерото.
„Традиција во манастирот Калишта е по литургијата и литијата да се фрли крстот во водите на езерото. По крстот се фрлаат само момчиња, така наложуваат црковните канони“, раскажа Анета неодамна за Репортер“.
Таа додава дека откако некој од мажите ќе го фати крстот, следува капење во езерото за здравје.
„Тогаш во езерото влегува секој што се чувствува подготвен, деца, жени, млади, возрасни, нема селективност. Чувството е преубаво“, ни раскажа Анета.