Македонскиот драматург Горан Стефановски ќе добие спомен обележје во Дебар Маало по иницијативата на членовите на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ). Споменикот ќе го подигне Општина Центар, а ќе биде поставен во триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот „Идадија“.
Горан Стефановски почина лани во ноември на 66 години по кратко боледување. Последните години од својот живот ги помина во Англија, во близина на Лондон. Тој е еден од најпознатите драмски писатели кај нас, но и во регинот. Неговите драмски текстови се играат на сцените низ Европа – „Диво месо“, „Тетовирани души“, „Дупло дно“, „Лет во место“ и многу други.