Британецот Дејвид Стефан Јанг ќе мора да ѝ плати на авиокомпанијата „Вест џет“ 20.000 евра оти се опил на летот од Калгари до Лондон, дивеел и кршел во авионот, па пилотите морале да се вратат назад. Компанијата од Дејвид бара да им плати за залудно потрошеното гориво.
Кога пристигнале назад во Калгари Дејвид бил уапсен и обвинет дека предизвикал вознемиреност меѓу патниците. На суд тој се изјаснил виновен и се извинил за предизвиканата штета и вознемиреност. Сепак ќе мора да плати околу 20.000 евра колку што чинат потрошените 9.071 литри керозин. Освен тоа тој добил забрана за влез во Канада на неодредено време.