Ракометниот тренер Раул Гонзалез повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација откако одлучи предвреме да го раскине договорот со РФМ. Соработката требаше да важи до 2020, но омилениот тренер, сепак, се реши за ова откако Македонија, уште во првата фаза од Светското првенство во Германија во јануари, не успеа да освои добар пласман.
РФМ во денешното соопштение како главна причина за оставката ја наведува неговата работа во Франција поради која не може тековно да ги следи случувањата во нашиот ракомет.
„Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клуpски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сoгласија околу прекинувањето на соработката“, се вели во соопштението.
Популарниот „Ел Команданте“, кој го водеше Вардар, сега е тренер на францускиот ракометен тим ПСЖ .