Поп-пејачката Елена Ристеска доби изненадување од газдите на Еквилибриум, кои ја пречекаа со декорација за 101 илјада следбеници на „Инстаграм“.
„Она кога имаш среќа и подарок од Господ да имаш совршени другари и блиски луѓе, кои наоѓаат повод да те направат најсреќна на свет и да те изненадат. Во случајов по повод 101.000 следбеници успеаја да не ги ‘провалам’ дека нешто подготвувале“, се пафали Елена на Инстаграм. Освен Елена, со балон за 100 илјади следбеници славаше и Лила Филиповска лани.