И покрај силното противење на научната заедница, астрофизичарот и космолог Ави Лоеб, кој работи како шеф на одделението за астрономија на Универзитетот Харвард, продолжува да ја застапува теоријата дека вселенскиот објект наречен Оумуам, кој е откриен во меѓуѕвездениот простор и кој минува низ Сончевиот Систем е НЛО-објект.
Лоеб тврди дека останатите астрономи ја изгубиле својата детска радозналост и дека се премногу уплашени од можноста да не се во право.
Во интервју кое неодамна го дал за „Чикаго трибјун“, Лоеб соопштил дека работи на случајот во кој ќе докаже дека необичниот меѓуѕвезден објект Оумуам, кој се наоѓа во орбитата на Јупитер, е вонземјен вселенски брод.
Тој смета дека неговите колеги не се во право кога велат дека станува збор за комета или астероид. Тој мисли дека меѓуѕвездениот објект се движи премногу брзо за една инертна карпа. Вели дека многу личи како нешто да го турка од позади.
Астрономот од Харвард ја отфлра можноста дека е во прашање комета бидејќи објектот нема ништо што потсетува на опашка, која е карактеристична за ваквиот вид тела.
Лоеб верува дека е во прашање еден километар долг и еден милиметар тенко јадро, кое е толку лесно, што е во состојба да ги улови сончевите зраци и да ги искористи како погон за движење низ вселената.
Ваквите ставови на угледниот астроном Лоеб за вселенскиот објект наидуваат на жестоки критики од страна на неговите колеги, кои го обвинуваат за сензационализам и објавување теории во кои ни тој самиот не верува.