Поп дивата Калиопи Букле наводно пак е во љубов со поранешниот сопруг Ромео Грил. Веќе подолго време се зборува дека тие живеат заедно, но дека двојката се уште не сака ова да го сподели во јавноста.
Не е тајна дека таа и Ромео, постојано се заедно, затоа што музички соработуваат, но според нивни блиски, тие решиле повторно да се обидат во љубовта. Калиопи, која се почесто е ангажирана надор од земјава, во изминатиов период ретко да ја видиме на домашната сцена. Таа и Ромео, се заедно од 80-тите, се земаа па се разделија. Ромео отиде во Швајцарија заедно со нивниот син Пако, тема за која пејачката речиси никогаш не сака да зборува. Калиопи беше во брак и со актерот Васил Зафирчев, за кого по разводот кажа дека се во одлични односи.