Кошаркарката и фитнес тренер Едина Муса на својот инстаграм-профил објави фотографија од неа и нејзиниот дечко фитнес тренерот Серџо Спасов.
На фотографијата на која се прегрнати и се бакнуваат, Едина реши веќе да не ја крие љубовта. Таа напиша колку ѝ недостигал Серџо ѝ дека ќе го сака заскогаш.
„Фала ти што сѝ дел од мојот живот“, ѝ одговори Серџо.
Пријатели на Едина откриваат дека таа и Серџо се во врска веќе неколку месеци, а се запознале во теретана. Едина врската ја чуваше подалеку од јавноста.
Во интервју за „Репортер“ пред неколку месеци таа откри дека е во врска, но не сакаше да сподели детали.
„Немам време за љубов колку што имам за тренинг и обврски. Ама, да, има нешто ново, само, да оставиме понатаму да ви раскажам за тоа“, рече во интервјуто Едина.