Нарушено е здравјето на основачот на „Викиликс“ Жулијан Асанж. Првиот човек на „Викиликс“ во пресрет на неговото сослушување околу неговата екстрадација во САД е префрлен во болничкото крило во затвор во Велика Британија. Според последните информации на британските медиуми, Асанж не можел да се јави ни преку линк.
Нарушеното здравје на Асанж е последица на речиси седум години минати во зградата на амбасадата на Еквадор во Велика Британија. Неговата состојба се влошила во периодот од седум недели колку што минал во Белмарш, навеле од „Викиликс“ во своето соопштение.
„Одлуката на затворските власти да го префрлат во болничкото одделение говори само за себе“, велат од „Викиликс“, додавајќи дека Асанж изгубил голем број килограми и едвај можел да зборува кога минатата недела го посетил неговиот шведски адвокат.
„Здравствената состојба на Асанж во петокот била таква што не бил во можност да оставри нормална конверзација“, изјавил неговиот адвокат Пер Самуелсон, по неговата посета во Белмарш.
Шведска го одбила барањето на Самуелсон да го одложи сослушувањето околу екстрадацијата, иако тој не е обвинет за ништо. Шведските истражители никогаш не го испрашувале Асанж по повод обвинувањето за сексуален напад.
Ова обвинување беше вовед во испорачувањето на САД во 2012 година, поради што Асанж беше принуден да бара азил во Амбасадата на Еквадор. САД го обвинуваат Асанж по 18 точки, според Законот за шпионажа, а казната е до 175 години затвор.
„Случајот со Жулијан Асанж е од големо историско значење. Ова ќе биде запамтено како најлошиот напад на слободата на печатот во нашето време“, изјавила уредничката на „Викиликс“, Кристин Храфнсон.