ФБИ го објави досието за основачот на главниот уредник на списанието „Плејбој“, Хју Хефнер, две години по смртта на легендарниот издавач. Хефнер е еден од големиот број познати личности кои агенцијата ги истражувала со години, а чии истражни досиеја се од јавен интерес за новинарите, фановите и истражувачите.
Американската сојузна полиција го испрашувала Хефнер на крајот од 1950 години од минатиот век и почетокот на 1960 години, наведува ABC News.
Досието исто така содржи и документ што бил испратен на тогашниот директор на ФБИ Едгар Хувер, во кој стои дека агент на агенција известува дека Хефнер и неговиот фотограф Едвард Опман се ставени под надзор со цел да се утврди дали некои од двајцата пренесувал порнографски снимки преку границите на сојузните држави.
Подоцнежната истрага покажала дека не се напраени такви казнени дела.
„Лицата кои подоцна биле испрашани изјавиле дека Хефнер бил премногу лукав за да ги прекрши сојузните или локалните закони“, пишува во заклучокот на истрагата на ФБИ. Хефнер подоцна бил уапсен во Чикаго поради објава на фотографии од Џејн Менсфилд. Подоцна осонвачот на „Плејбој“ е ослободен.
Досието содржи и новински исечоци од случајот во кој Хефнер се изборил за право преку пошта да ги испраќа списанијата на своите претплатници, а тоа истовремено да не претставува кршење на законот.
Кога личност од јавен интерес ќе почине ФБИ ги превзема сите чекори за објавување на неговото досие на сајтот на ФБИ. Досиејата за славните личности, меѓу кои се и Елвис Присли, Мајкл Џексон и Френк Синатра, се наоѓаат на сајтот, како и оние кои го вклучуваат поранешниот сенатор на Масачусетс, Едвард Кенеди, и мафијашот Ал Капоне.