Манекенката и старлета Александра Накова се појавува во најновиот спот на групата „Балкан бенд“ за песната „Лутка“. Бендот деновиве објави и тизер видео, а спотот велат, ќе излезе наскоро.
Песната ќе биде наменета за балканскиот и македонскиот музички пазар.
Накова првпат глуми во спот, а од бендот велат дека ја избрале манекенката поради нејзината провокативност и сексуалност која често ја покажува на видеата и фотографиите на социјалните мрежи.
Инаку, Накова неодамна го сврте вниманието на јавноста кога откри дека имала секс на скутер.
„Балкан бенд“, пак, покрај бројните настапи, годинава пееја и како предгрупа на концертот на српскиот пејач Саша Ковачевиќ.