Потребни состојки:
275гр. лиснато тесто
3 полни лажици интегрален кокосов шеќер
120гр. свежи боровинки
За посипување шеќер во прав
Начин на подготовка:
Лиснатото тесто посипете го со кокосовиот шеќер. Наредете ги одозгора боровинките и завиткајте во ролат. Исечете на парчиња со дебелина по ваша желба. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени, 25-30 минути. Испечените полжи оставете да се оладат, а потоа послужете ги посипани со шеќер во прав.