Истражувачката антидисциплинарна лабораторија од Универзитетот за техноогија во Масачусетс, која е вмешана во голем скандал по прифаќањето на донацијата од страна на починатиот педофил и трговец со луѓе, Џефри Епстајн и која имала сериозна соработка со него, сега сака да се испере и негира било каква соработка со милијардерот.
Во јавноста се појавија десетина страници од мејлови и други документи, во кои се гледа иако Епстајн бил дисквалификуван како донатор, од него тие и понатаму ги прифаќале подароците, консултирајќи се околу користењето на средствата, а неговите прилози ги држеле во тајност и за јавноста и внатре во Универзитетот.
Доказите ги објавил неделникот „Њујоркер“, кој дошол во посед до овие документи. Епстајн, кој претходно оваа година изврши самоубиство во својата ќелија во Њујорк, бил лишен од слобода поради трговијата со луѓе и сексуална експлоатација на деца. Епстајн бил и посредник меѓу лабораторијата и други богати донатори.
Од некои барал и по милиони долари донации, без разлика дали се работело за поединци, организации или компании. Меѓу нив најмногу во очи упаднува името на Бил Гејтс, кој за Универзитетот донирал два милиони долари, додека од Леон Блек успеал да извлече донација од дури 5,5 милиони долари, пишува „Њујоркер“.
Од Универзитетот соопштиле дека од фондацијата на Епстајн добиле вкупно 800.000 долари, во текот на 20 години соработка, и дека на сите им упатиле извинување затоа што ги земале тие пари, а Рафаел Реф, претседателот на Универзитетот, се обврзал тие пари да ги уплати на жртвите од сексуално злоставување.
„Можеме да кажеме дека се срамиме што дозволивме Универзитетот да допринесе за подигање на неговата репутација, а всушност тоа му послужи да го одврати вниманието од неговите застрашувачки злосторства. Извинувањето тоа не може да го поништи“, изјавил Реф.
Директорот на лабораторијата на Универзитетот Јои Ито, изјавил дека добил 1.2 милиони долари од Епстајн за инвестициските фондови под негова контрола, како и 525.000 долари кои контроверзниот бизнисмен веќе ги дал на лабораторијата. Постојат голем број докази дека се работи за голема цифра на пари.
По 2008 година, кога Епстајн се изјаснил како воновен за организирање на проституција и наведување на малолетници на истата, неговиот статус на донатори е дисквалификуван, а тој и понатаму анонимно или под иницијали, се договарал со челните луѓе на Универзитетот и неговите лаборатории.
Во документите до кои дошол „Њујоркер“, се гледа неговата деловна коресподенција со Ито, во кој тој му бара пари за Универзитетот. Во октомври 2014 година „Медиа Лаб“ примила донација од два милиони долари од Бил Гејтс, нешто за кое Ито ги известил надредените преку мејл.
„Ова е подарок од Бил Гејтс во вредност од два милиони долари во режија на Џефри Епстајн“, напишал тој, а Петар Коен, директорот на „Медиа Лаб“, му одговорил дека името на контроверзниот милионер нема да го спомене, туку дека ќе наведе како најбогатиот човек во светот се одлучил на таков чекор, по препорака на анонимен пријател.
Ваквите наводи ги негирал портпаролот на Бил Гејтс, кој навел дека тој во неколку наврати, јавно или анонимно донирал пари во Универзитетот, а дека со Епстајн се состанал во 2013 година, кога се зборувало за начините за зголемување на филантропското трошење.
Од друга страна Ито и Коен не одговориле на бројни прашања. Ито во претходните јавни излагања постојано говорел за односот меѓу Униерзитетот и Епстајн, говорејќи како во текот на годините примиле пари од организацијата која тој ја контролирал, но дека им било жал поради тоа.
Сепак подоцна се испоставило дека и двајцата учествувале во комуникацијата, најмногу поради донациите кои ги добиле преку него. Сигни Свенсон, поранешна вработена во Универзитетот МИТ, изјавила дека дала делумно отказ поради поврзаноста на лабораторијата со Епстајн.
Како што изјавила, таа била сведок на разговор во кој раководоството на Универзитетот јасно истакнале дека неговите донации мораат да бидат тајни. Таа отказот го поднела во 2016 година, а според неговите зборови во 2014 и 2015 година Универзитетот земал „мали“ донации од Епстајн, затоа што истите можеле да минат анонимно.
Според документите, тие години сите комуникации со големите донатори, како Блек и Гејтс, се одвивале преку Епстајн и неговите контакти.
Кога вестите за наводите прв пат се појавиле во 2006 година, портпаролот на „Харвард“ изјавил дека Универзитеотт кој од Епстајн три години претходно добивал донација во износ од 6,5 милиони долари, парите нема да ги врати.
По второто апсење на Епстајн, во 2019 година, од Универзитетот го повториле својот став. Многу институции се обиделе да се дистанцираат од него по 2006 година, но други, вклучувајќи го и Универзитетот М.И.Т. „Медиа Лаб“, продолжил да ги прифаќа неговите пари.
Кога таквите донации ќе излезат на виделина, институциите се соочуваат со тешки одлуки за тоа како да одговорат. Средствата често се случува да бидат потрошени, а даночните олеснувања веќе се земени од донаторите.